„Црни денови“ ја чекаат Франција, еден од политичарите образложи зошто
Франција ќе се соочи со сериозна криза.
Претседателот на Модем, еден од коалициските партнери на владината коалиција во Франција, Франсоа Бајру, во интервју за неделникот Ле Поин објавено денеска изјави дека Франција „оди кон најсериозната криза” што ја знае „од војната” и која не може да се надмине „без огромен национален напор.
„Моето длабоко чувство е дека се движиме кон најсериозната криза што Франција ја познава од војната”, „можеби дури и полоша од војната во Алжир” (1954-1962), смета Франсоа Бајру во Ле Поинт.
Тој ги спомнува и проблемите поврзани со енергетската транзиција, „многу високата инфлација” и прашањето за „нерамнотежата на француските финансии”, за кои „се чини веќе никој во јавното мислење не е навистина свесен”.
На меѓународен план, Франсоа Бајру ги наведува конфликтот во Украина, ризикот од криза со храна, особено во Африка, расните тензии во САД, ситуацијата во Кина и изборите во Италија, каде лидерот на екстремно десничарската партија Фраели д’ Италија Џорџија Мелони е во водство во анкетите за законодавните избори на 25 септември.
Франција веќе се соочува со екстремна суша, а воедно ваква појава немало во Европа повеќе од 500 години. Енергетската криза ќе ги покаже ефектите оваа зима.foto freepik.com/rawpixel.com
