Економија, финансии, бизнис

Контакт

Црна статистика за пиењето алкохол во Русија

Црна статистика за пиењето алкохол во Русија

Секоја четврта смрт на малолетник во Русија е поради употреба на алкохол, соопшти денеска член на Руската академија на науките, Владислав Кучма. 

Во извештајот „Ментално здравје во 21 век" Кучма наведува дека во Русија е многу распространето учество на малолетници во тепачки. Наведува дека 47% од момчињата и 21% од девојките под 15 години редовно се вмешани во масовни тепачки.

Кучма истакнува дека младите во Русија многу почесто од другите мислат за самоубиство или пак се самоубиваат. 

Ако се гледа депресијата кај малолетниците Русија исто така е на водечко место.


Слично

Поврзани вести