Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦРН ДЕН ЗА ТУРЦИЈА, ЕРДОГАН ИТНО ВО АМСАРА - бројот на жртви во рудникот се искачи на 40, тројца обвинители ќе испитуваат како дошло до несреќата

ЦРН ДЕН ЗА ТУРЦИЈА, ЕРДОГАН ИТНО ВО АМСАРА - бројот на жртви во рудникот се искачи на 40, тројца обвинители  ќе испитуваат како дошло до несреќата

Бројот на загинати во експлозијата во рудник за јаглен во северна Турција се искачи на 40, а спасувачите се обидоа да извлечат десетици затрупани луѓе на површината во текот на ноќта, додека пожарот се уште гори, соопштија денеска турските власти.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека 11 повредени рудари се хоспитализирани, додека 58 рудари се спасени од рудникот.

Турскиот министер за енергетика Фатих Донмез рече дека спасувачките напори главно се завршени.

Несреќата се случила на 14 октомври во рудникот во градот Амасра на брегот на Црното Море, а во моментот на експлозијата во рудникот имало 110 лица.

Министерот за енергетика Фатих Дурмаз изјави дека продолжува спасувањето на уште 15 лица, од кои повеќето се во делот од рудникот каде пожарот се уште гори.

- Не се работи за голем пожар, но за безбедно да се пристигне мора да се елиминираат пожарот и гасот јаглерод моноксид - изјави тој за новинарите на лице место.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека ја откажува планираната посета на југоисточниот град Дијарбекир и наместо тоа ќе отпатува во Амасра за да ја координира спасувачката операција.

Тој рече дека три обвинители се задолжени да го истражат инцидентот. Турскиот министер за енергетика Фатих Донмез изјави дека експлозијата најверојатно била предизвикана од запалив гас од рудникот, пренесе АП.

(Танјуг)

Фото: ЕПА

Слично

Поврзани вести