Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦРН ДЕН ЗА ИТАЛИЈА: Од Ковид 19 починаа 627 луѓе

ЦРН ДЕН ЗА ИТАЛИЈА: Од Ковид 19 починаа 627 луѓе

Во Италија има рекорден број нови починати, односно 627 во еден ден. 

Бројот на починатите од Ковид-19 во Италија нагло се зголеми. Ова зголемување е далеку најголем дневен пораст откако вирусот првпат се појави во земјата пред повеќе од еден месец.

Последниот рекорден пораст Италија го имаше во средата, кога беа пријавени 475 новопочинати, а само еден ден подоцна ја претекна Кина како земја што регистрирала најмногу смртни случаи од вирусот.

Италија од петокот, сега има повеќе од 47.000 заразени со ковид-19, а скоро 2.600 од нив се во критична состојба. 

Во моментов во светот се регистрирани 266.179 заразени од вирусот, а починале 11.186.

По бројот на жртви, Италија ја надмина Кина. 

Повеќе фармацевтски компании ветија дека за една година, или најдоцна 18 месеци ќе произведат вакцина против новиот коронавириус  и таа ќе биде достапна во сите делови од светот.

Слично

Поврзани вести