Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦРН ДЕН: Најголем број заразени за 24 часа од почетокот на пандемијата

ЦРН ДЕН: Најголем број заразени за 24 часа од почетокот на пандемијата

Во светот вчера имаше најмногу заразени во еден ден од избивањето на пандемијата со Ковид - 19. 

Регистрирани се повеќе од 106.000 нови случаи на зараза со коронавирусот.

Бројките ги соопшти генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Адханом Гебрејесус.

Тој додаде дека скоро две третини од тие случаи се регистрирани во четири држави.

Гебрејесус вели дека крајот на пандемијата нема да дојде брзо.

Во светот има повеќе од пет милиони заразени, со 326.000 смртни случаи. Целосно оздравеле речиси два милиони заболени.

Вирусот лани се појави во Кина, а потоа се прошири на сите континенти. 

Во Кина главното жариште беше градот Вухан. 

Овој град и официјално забрани јадење диви животни. Вухан ќе стане „резерват за диви животни“, така што ќе биде забрането ловење на диви животни, со исклучок за „научни истражувања, регулирање на популацијата на одредени видови, следење на епидемиолошки болести и други специјални околности“.

Ќе има истрага за пандемијата со Ковид - 19.  Членките на Светската здравствена организација, донесоа резолуција за независна проценка за реакцијата на агенцијата на ОН на пандемијата на новиот вирус.

Слично

Поврзани вести