Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦРН БИЛАНС ВО СУДАН: Скоро 500 деца починале од глад, меѓу нив и 20 бебиња

ЦРН БИЛАНС ВО СУДАН: Скоро 500 деца починале од глад, меѓу нив и 20 бебиња

Речиси 500 деца умреле од глад, меѓу кои и дваесет бебиња во сиропиталиште. Oва е црниот биланс на конфликтот во Судан.

Од почетокот на конфликтот во Судан во април оваа година скоро 500 деца умреле од глад,  соопшти Save the Children.

Организацијата во соопштението рече дека најмалку 31.000 деца немаат пристап до третман за неисхранетост и поврзани болести затоа што добротворната организација беше принудена да затвори 57 од своите центри за хранење во Судан, пренесува АП.

Судан западна во хаос по неколкумесечните тензии меѓу армијата и ривалската паравоена фракција на 15 април кога ескалираа во отворен вооружен конфликт претворајќи ги Картум и другите урбани области во боишта.

Многу граѓани на Судан живеат без вода и струја, а здравствениот систем во таа земја е скоро целосно пропаднат.

„Се проценува дека најмалку 4.000 луѓе загинале во насилствата во Судан“, изјави Лиз Тросел, портпаролка на канцеларијата за човекови права на ОН. 

Сепак, активистите и лекарите на терен велат дека бројот на жртвите е веројатно многу поголем.

Како што објави Агенцијата за миграција на Обединетите нации, повеќе од 4,4 милиони луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови и да избегаат од насилството во побезбедни области во Судан или да побегнат во соседните држави.

Сега е напнато и во Нигер. Африканската унија го суспендираше Нигер од сите активности по воениот удар и им порача на своите членки да избегнуваат каква било акција што може да ја легитимира хунтата. Минатиот месец имаше пуч.

Слично

Поврзани вести