ЦРН БИЛАНС: Во поплавите во Германија загинаа 180 луѓе
Во поплавите во Германија загинаа 180 луѓе, а околу 150 се водат за исчезнати.
Германските метеоролошки служби повикаа на внимателност затоа што овој викенд на западот од земјата ќе има нови врнежи од дожд. Најпогодениот регион Рајнска област-Пфалц има 132 загинати и 766 повредени. Таму сè уште се трага по 149 луѓе. Во соседната Северна Рајна-Вестфалија во поплавите загинаа 47 луѓе. Полицијата во Келн трага по двајца исчезнати, а едно лице загина во Баварија.
Причинети се огромни материјални штети. Поплави неодамна имаше и во Белгија, Украина, Романија, Турција, Кина.
foto EPA-EFE/SASCHA STEINBACH
Слично
