Економија, финансии, бизнис

Контакт

Црн биланс во Пекинг: Бројот на жртви надминува 30, многу лица се водат како исчезнати (ФОТО)

Црн биланс во Пекинг: Бројот на жртви надминува 30, многу лица се водат како исчезнати (ФОТО)

Бројот на загинати во неодамнешните поплави во кинеската престолнина се искачи на 33, вклучително и пет спасувачи, додека уште 18 лица се водат како исчезнати, соопштија кинеските властите.

Најголем број од загинатите животот го изгубиле од поплавите, а дел и во урнатите згради.

Поројниот дожд особено ги погоди областите во планинските западни предградија на Пекинг, предизвикувајќи уривање на 59.000 домови, оштетени 150.000 други и поплавување на повеќе од 15.000 хектари обработливо земјиште, соопшти градската влада, пренесе АП.


Оштетени се голем број патишта, како и повеќе од 100 мостови, изјави денеска на прес-конференција заменик-градоначалникот на Пекинг, Ксија Линмао.

Властите во Пекинг во петокот соопштија дека 147 лица загинале и исчезнале како последица на природни катастрофи во јули.

Пекинг беше погоден од рекордни дождови во последните недели.


Фото: EPA-EFE/MARK R. CRISTINO

Слично

Поврзани вести