ЦРН БИЛАНС ВО ЛИБИЈА: Најмалку 13 луѓе загинаа во судири во Триполи
Во судирите во главниот град на Либија, Триполи загинаа најмалку 13 луѓе, а 95 се ранети. 64 семејства се евакуирани од областа околу борбите. Бројот на жртви може да порасне затоа што службите немаат пристап секаде.
Имаше немири меѓу поддржувачите на две ривалски администрации. Општинскиот совет на Триполи ја обвини владејачката политичка класа за влошувањето на ситуацијата во главниот град и ја повика меѓународната заедница „да ги заштити цивилите во Либија”.
Мисијата на ОН во Либија објави дека е „длабоко загрижена” поради борбите, кои вклучија „недискриминирачко средно и тешко гранатирање на области населени со цивили” во Триполи.
Мисијата повика на итен прекин на огнот и сите страни во Либија „да се воздржат од употреба на каква било форма на говор на омраза и поттикнување насилство”.
Во судирите се спротивставија силите на Револуционерната бригада на Триполи, предводена од Хајтам Таџури, против силите кои се во сојуз со Абдел-Гани ал-Кикли
