Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦРН БИЛАНС: Се зголеми бројот на загинати во Венецуела

ЦРН БИЛАНС: Се зголеми бројот на загинати во Венецуела

Расте бројот на жртви во Венецуела по двата потреси од 7.2 и 7.5 степени кои се случија завчера. 

„Смртниот биланс од двата последователни земјотреси што завчера ја погодија Венецуела се искачи на најмалку 920 загинати лица, додека 3 360 се повредени“, соопшти претседателот на Националното собрание на земјата, Хорхе Родригез, пренесуваат светските медиумите.

Родригез соопшти дека се оштетени 383 згради, меѓу кои и 13 болници и 25 трговски центри. Дополнително, вели тој, оштетувања претрпеле уште најмалку 1.000 други инфрастуктурни објекти, пренесе Би-би-си.

Претседателот на Националното собрание, изјави дека 243 лица биле спасени од урнатините во Ла Гваира, една најтешко погодените области во земјотресите.

Во меѓувреме, меѓународни спасувачки екипи се приклучуваат на венецуелските служби во потрагата по преживеани, а меѓу нив се и 80 швајцарски спасувачи и тим хуманитарни работници од Мексико.

Една жена се породи под урнатините. 

Друга жена се спаси затоа што се држела за рамката од вратата. 

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести