ЦРН БИЛАНС: Расте бројот на жртви во Газа
Во Газа загинаа 27.478 луѓе од почетокот на војната против Израел.
Министерството за здравство во Појасот Газа, со кое управува Хамас, денеска објави нови податоци. Повеќето загинати се жени, деца и млади. Во соопштението се наведува дека од 7.октомври, кога почна војната, ранети се 66.835 луѓе.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека со „тоталната победа“ на израелската армија во Појасот Газа ќе ѝ биде зададен „фатален удар“ на палестинската исламистичка организација Хамас, но и на Иран и неговите сојузници.
Слично
