ЦРН БИЛАНС: Порасна бројот на жртви во Турција и Сирија
Од ден на ден расте бројот на загинати во Турција и Сирија, по силниот земјотрес од 7.8 степени кој се случи на 6 месецов.
Сега има над 45.000 жртви во двете држави. Бројот на загинати на југот на Турција се искачи на 39.672, потврди турското Министерство за внатрешни работи, а пренесува „Анадолија“. Во соседна Сирија, загинаа повеќе од 5.800 луѓе. Бројката на исчезнати не е објавена.
При силниот земјотрес, бебе паднало од 5-ти кат и преживеало.
foto EPA-EFE/MARTIN DIVISEK
Слично
