Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦРН БИЛАНС ОД НАПАДОТ ВО БОЛНИЦАТА ВО ГАЗА: Колку луѓе загинаа, а колку се ранети?

ЦРН БИЛАНС ОД НАПАДОТ ВО БОЛНИЦАТА ВО ГАЗА: Колку луѓе загинаа, а колку се ранети?

471 Палестинец загина, 314 се ранети во напад на болница во Газа. 

Портпаролот на Министерството за здравство во Газа, Ашраф ал-Кидра, денеска ги соопшти податоците за загинати. Нападот го нарече „израелскиот масакр“ во болница на северот на Појасот Газа.

Палестинските власти го обвинуваат Израел за експлозијата во болницата која се случи синоќа. Израел тврди дека експлозијата ја предизвикала палестинската милитантна група Исламски џихад, со неуспешно лансирање ракета. 

Стигнаа осуди за нападот на болницата во Газа. Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев изјави дека нападот на болницата во Појасот Газа е воено злосторство, за кое крајна одговорност сносат Соединетите Американски Држави. Минатата сабота, Хамас почна со напади на Израел. 

Слично

Поврзани вести