Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦРН БИЛАНС: Колку Палестинци загинаа ноќеска во Газа и на Западниот Брег?

ЦРН БИЛАНС: Колку Палестинци загинаа ноќеска во Газа и на Западниот Брег?

Израелските сили ноќеска убиле најмалку 55 Палестинци во Газа и четворица на Западниот Брег. Информацијата ја соопшти владата на политичкото крило на Хамас.

„Најмалку 55 луѓе се убиени „во текот на ноќта до 6 часот наутро, а повеќе од 30 згради се уништени“, се наведува во соопштението на владата на палестинското исламско движење. 

Израелските сили убија четворица Палестинци на Западниот Брег во текот на ноќта, со што вкупниот број на убиени Палестинци таму од 7 октомври наваму се искачи на 89, соопшти денеска палестинското Министерство за здравство.

Првиот конвој со хуманитарна помош со 20 камиони, според ОН, влегол вчера од Египет преку граничниот премин Рафах, единствениот кон Појасот Газа кој не е во рацете на Израел. Овој број е крајно недоволен, според ОН. 

Слично

Поврзани вести