Економија, финансии, бизнис

Контакт

Credit Suisse пушта акции наменети за геј заедницата

Credit Suisse пушта акции наменети за геј заедницата
Американската подружница на швајцарската инвестициска банка Credit Suisse лансира нов предлог за инвестиции на пазарот на акции , насочени кон геј заедницата односно кон ЛГБТ лицата. Купците од менаџментот на друштвото кое располага со капитал од 2 милиони долари , ќе можат да инвестираат во акциите на 26 компании , кои се лојални на сексуалните малцинства. Потпретседателот на „Merrill Lynch Private Wealth Management“,  Бил Моран вели дека голем дел од инвеститорите со нетрадиционална сексуална ориентација избегнуваат да инвестираат во компании кои манифестираат нетрпеливост кон ЛГБТИ лицата. Утре во Хонг Конг ќе биде отворена и официјално првата бизнис конференција на ЛГБТИ заедницата во Азија , подготвена од Out Leadership , непрофитна организација која е посветена во помагањето на студентите со различна сексуална ориентација за тие да се развиваат успешно на своите работни места. На средбата на само ќе се дискутира за проблемот со рамноправноста на геј заедницата на работното место, туку ќе стане збор и за подобрување на статусот на жените на работното место, на бремените мајки, на луѓето кои се грижат за своите блиски.
Слично

Поврзани вести