Економија, финансии, бизнис

Контакт

“Coca-Cola”симната од тронот, повеќе не е највреден бренд

“Coca-Cola”симната од тронот, повеќе не е највреден бренд

Највреден бренд во светот стана "Apple" со што  ја тргна компанијата "Coca-Cola" од тронот.

"Google" пак го зазеде второто место, а "Coca-Cola"  третото, додека "IBM" и "Microsoft" се на четвртото и петтото место. Компанијата "Samsung" е на осмото, "Intel" на деветтото, а од 69 на 52-то место се искачи компанијата "Facebook".

Списокот на највредни компании во светот го објави "Interbrand", а ова рангирање на светските брендови се врши уште од 2000 година. Комбинации од финансиските резултати се користат при креирањето на листата, а се цени и  лојалноста на купувачите и улогата која што секој бренд ја има при одлуката за купување. Така, според овие калкулации, брендот "Apple" вреди 98,3 милијарди долари, вредноста на "Google" се проценува на 93,3 милијарди, а "Coca-Cola" вреди 79,2 милијарди долари. С о оваа нова состојба на листата се потврдува дека технологијата ја презема главната улога во сите домени од нашиот секојдневен живот.
Слично

Поврзани вести