Економија, финансии, бизнис

Контакт

Coca Cola нема да ги рекламира своите производи на деца помали од 12 години

Coca Cola нема да ги рекламира своите производи на деца помали од 12 години
Производителот на популарната Coca Cola најави дека ќе престане да ги рекламира своите производи на деца помали од 12 години. Покрај ова, компанијата најави и дека на сите светски пазари ќе ги исфрли од употреба пијалаците со „без" или со „ниско количество" на калории. Coca Cola веќе нуди диетална верзија на својот напиток и нискокалоричен пијалак како што е Coca Cola Zero. Продажбата на овие верзии во САД се сведува на 41% од вкупната продажба на сите видови Coca Cola, но на крајот од деведесеттите години соодносот изнесувал 30%. Меѓутоа, на некои други пазари, нискокалоричните пијалаци се продавале многу слабо, а во некои кинески крајбрежни градови, процентот од вкупната продажба се искажувал со едноцифрена бројка.  
Слично

Поврзани вести