Cо над 4,91 милиони продадени автомобили во првото полугодие, Тојота стана светски лидер во продажбата
Toyota Motor Corp. изби на врвот на листата на компании во светот по бројот на продадени автомобили во првата половина на годината, пренесоа светските агенции.
За периодот јануари – јуни компанијата пласиралa во целиот свет над 4,91 милиони автомобили и се наоѓа на прво место во секторот.
Во исто време, споредено со првите шест месеци од минатата година продажбата нејзина се намалила за 1,2 проценти, се наведува во соопштението.
Продажбата на Тоyota во Кина беше силно погодена минатата година од анти-јапонската кампања, поради територијалниот спор и довела до бојкот на јапонската стока, забележуваат агенциите.
На второ место во светот е американскиот концерн General Motors, кој од јануари до јуни пласирал на пазарот над 4,85 милиони автомобили или скоро 4 проценти повеќе отколку во истиот период минатата година.
На трето место е германската група Volkswagen AG. На пазарот се продаваат речиси 4,7 милиони автомобили со нејзините брендови, а тоа е за 5,6 отсто повеќе во споредба со првата половина на 2012 година.
Слично
