Cо Лабрадори ќе се борат против џиновски полжави
Џиновски полжави, Ахатина, кои можат да достигнат големина на кошаркарска топка ги нападнале земјоделските посеви во американската држава Калифорнија. За таа цел, властите одлучиле да формираат специјални оддели со Лабрадори кои ќе се справат со овие штетници.
„Лабрадорите одлично се справуваат со задачата да откриваат гигантски полжави. Поради тоа ќе ги интегрираме што е можно побрзо во програмата за борба против овие штетници " - изјавил претставник на калифорниската администрација.
Ахатината нема природен непријател, но кучињата можат да бидат научени да ги наоѓаат. Пред да бидат пуштени на терен четириножните ловци ќе поминат тримесечен курс за обука . За борба против полжавите веќе се одвоени 6 милиони долари .
Гигантските полжави достигнуваат должина до 30 см и тежат околу еден килограм. Тие се хранат со овошје и семиња , а годишно раѓаат до 1200 јајца. Ахатината е непријател и на човекот, бидејќи е носител на вирусот менингитис. Се претпоставува дека џиновските полжави во Калифорнија пристигнале од Мајами, каде некоја верска секта ги користела во свои ритуали.
Слично
