Економија, финансии, бизнис

Контакт

Cкокот на цените на прехрамбените производи, ја дигна инфлацијата во Кина

Cкокот на цените на прехрамбените производи, ја дигна инфлацијата во Кина
Стапката на инфлација во Кина во септември оваа година достигна 3,1 проценти, што е највисокото ниво во последните седум месеци. До пораст на инфлацијата дојде поради скокот на цените на прехрамбените производи, предизвикан од лошите временски услови. Цените на земјоделските производи во истиот месец се зголемиле за 1,5 проценти во однос на август, поради сушите и поплавите во повеќето региони во Кина, пренесува Ројтерс. Стапката на инфлација во септември беше повисока од проценката на аналитичарите кои во просек очекуваа годишна стапка од 2,9 проценти, но сепак таа сеуште е пониска од целната за 2013 година која изнесува 3,5 проценти.
Слично

Поврзани вести