ЦИВИЛИТЕ СЕ ЕВАКУИРАНИ: Израелската армија затвори некои населби на северот на Израел
Израелската армија затвори некои населби на северот на Израел. Најавено е дека затворените воени зони долж границата со Либан сега ќе ги опфаќаат областите Зераит, Шомара, Штула, Натуа и Ебен Менахем.
Жителите беа евакуирани поради ракетни истрели од либански Хезболах. Проиранското шиитско движење Хезболах објави дека со голем број беспилотни летала ги нападнала предградијата на Тел Авив.
Во саботата, израелската армија им нареди на жителите на 23 села во јужен Либан да се евакуираат во областите северно од реката Авали, која тече низ западната долина Бека и се влева во Средоземното Море.
Слично
