ЦИВИЛИТЕ ОСТАНАА ДОМА: Судири долж границата меѓу Израел и Либан
Жестоки судири имаше на границата меѓу Израел и Либан, а на цивилите им е наредено да останат дома.
Жителите на пограничното подрачје раскажале дека израелското гранатирање траело повеќе од еден час.
Израелските сили имаа престрелка со екстремистите на Хезболах.
Војската на Израел соопшти дека војниците пукале кога екстремистите влегле на израелска територија, но и дека имало пукање и од другата страна.
На израелските цивили им е наредено да не излегуваат од дома во еден од најжестоките судири во последната година, кои избувнаа во подрачјето на таканаречената Шеба фармс, кое Израел го освои во војната во 1967 година.
Немирите се случуваат во време на засилена борбена подготвеност на израелската војка поради очекуваниот напад од Хезболах по убиството на еден од припадниците на оваа либанска организација во израелски воздушен напад во Сирија минатата недела.
Израел смета дека присуството на Хезболах и Иран во Сирија претставуваат стратешка закана за неговата безбедност, затоа што борците на либанското движење во сириската војна се здобија со големо борбено искуство.
