Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цивили загинаа при гранатирање на Ирпин

Цивили загинаа при гранатирање на Ирпин

Руските сили го гранатирале украинскиот град Ирпин, при што загинале цивили кои бегале од градот. 

Ирпин се наоѓа северозападно од Киев, а извештаите засега велат дека има најмалку тројца загинати. Станува збор за членови на исто семејство. 

Како што известува Њујорк Тајмс, руските сили коишто денеска напредувале кон Киев истрелале минофрлачки гранати врз уништениот мост што го користеле евакуираните кои бегаат од борбите, при што испаничените цивили почнале да трчаат додека се кревал облак од прашина. 

Украинските сили претходно го разнесоа мостот за да го забават руското напредување.

Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации oбјави дека ја потврдиле смртта на 364 цивили во Украина. 

Канцеларијата со седиште во Женева соопшти дека во саботата на полноќ биле ранети 759 цивили.

foto Reuters

Слично

Поврзани вести