Цивили од Мариупол се насилно депортирани во Русија
Украинските власти тврдат дека од градот Мариупол насилно се депортирани 40.000 луѓе.
Градоначалникот Вадим Бојченко денеска изјави дека околу 40.000 цивили од тој град се насилно депортирани во Русија или во украинските региони под контрола на Русија.
Москва претходно објави дека ја презела контролата врз градот Мариупол по скоро два месеци борби. Украинските власти побараа од Русија да обезбеди хуманитарни коридори од Мариупол и тамошната фабрика Азовстал. Пред војната градот имал над 400.000 жители. Градот е скоро целосно уништен.
фото Принтскрин
Слично
