Економија, финансии, бизнис

Контакт

Citigroup: Раст од 13% за светските пазари до крајот на 2014 година

Citigroup: Раст од 13% за светските пазари до крајот на 2014 година
Берзите во светот се зголемија за 40% откако во септември 2011 година беа на дното , но се уште имаат потенцијал за понатамошен раст од 13 % до крајот на следната година , сметаат аналитичарите од Citigroup . " Светските средства не се толку евтини , колку што беа во 2011 година , но тоа не значи и дека се особено скапи " , коментираат експерти на американската инвестициона банка. Тие прогнозираат двоцифрен раст на индексите до крајот на следната година. Во 2011 година светските средства се тргуваа по цена- историска добивка од 12 , додека до денес се тргуваат со сооднос од 17 . Тоа покажува дека во голема мера порастот беше инициран од зголемување на финансиските проценки . Цикличниот индикатор САРЕ базиран на просечните годишни профити за последните 10 години , е под ниво од 20 , на позадината на долгорочното такво од 24 , како и 30 во 2007 година. " Тоа во голема мера е смирувачко " , се вели во извештајот на банката. " Акциите исто така продолжуваат да изгледаат релативно евтини , споредени со инструментите со фиксен приход " , сметаат финансиските аналитичари . Од банката се сигурни , сепак, дека за идниот раст на светските берзи се потребни растове во добивката на компаниите . Од Citigroup прогнозираат раст во добивката на компаниите од околу 7% за оваа година , како и следната . За инвеститорите, развиените пазари и Велика Британија  се покажуваат како подобри можности во споредба со пазарите на Австралија , Јапонија и САД . Последните се водат како најскапите пазари. Од Citigroup им препорачуваат на инвеститорите стратегија комбинирајќи го " инвестирањето во вредност " со " инвестирањето во раст " .
Слично

Поврзани вести