Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ципрас искритикуван за поддршката кон Мадуро

Ципрас искритикуван за поддршката кон Мадуро

Додека земјите од Европа се ставаат на страната на Хуан Гваидо како паралелен претседател на Венецуела, премиерот на Грција, Алексис Ципрас, засега му дава поддршка на реакционерниот владетел Николас Мадуро во време кога латиноамериканската земја е во тешка рецесија иако е богата со наоѓалишта на нафта.

Критиките кон претседателот на СИРИЗА ги упати шефот на конзервативната Европска народна партија во Европскиот парламент и кандидат за претседател на Европската комисија, Манфред Вебер, кој го обвини Ципрас за идеолошка заслепеност во однос на овој глобален проблем.

Германскиот политичар изјави дека грчкиот премиер ја блокира заедничката европска надворешна политика.

„Грчката влада, владата на Сириза и премиерот Ципрас мора да одговорат на многу прашања зошто тој ги блокира иницијативите на европско ниво за поддршка на силите во Венецуела кои се борат за демократска Венецуела? На тоа прашање мора да го одговори“, вели Вебер.

Европската унија мора да го смени механизмот за донесување одлуки во надворешните работи од едногласно гласање до процес на донесување одлуки со мнозинство.

„Тоа води до ситуација во која повеќе нема да бидеме во рацете на владите како во Грција кои очигледно повеќе контактираат со Владимир Путин и Мадуро, а не толку со слободниот свет на демократските земји“, рече тој.

Со него се сложи и лидерот на Нова демократија, Киријакос Мицотакис, со кого беше организиран настап на заедничка прес-конференција.

„Како е можно денес демократска Грција да не се усогласи со остатокот од Европа, која бара итни и слободни избори во Венецуела?“, рече Мицотакис.

Гваидо има поддршка од повеќето земји во Европа, Јужна Америка и САД. Министрите од повеќе од десетина европски и латиноамерикански држави се состанаа во Монтевидео за да преговараат за решение со хуманитарната криза во Венецуела 


Слично

Поврзани вести