Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦИА стравува дека Русија му помогнала на Трамп да стане претседател

ЦИА стравува дека Русија му помогнала на Трамп да стане претседател

Очигледно е дека американскиот естаблишмент се уште не може да поверува и прифати дека шоуменот Трамп кој служеше како главна мета за потсмев стана претседател. 

Разузнавачките служби како ЦИА и НСА изготвиле извештај за медиумите во кој стои дека руски хакери директно ја таргетирале Хилари Клинтон, нејзината кампања и американската Демократска партија, па сите протечени мејлови преку руски владини претставници ги доставиле до Џулијан Асанж и интернет платформата Викиликс.

Тимот на Трамп веднаш ги одби ваквите обвинување, тврдејќи дека ова се истите разузнавачи кои целосно промашија или излажаа дека во Ирак има оружје за масовно уништување. 

Руските официјални тела исто така негираат дека по нивна наредба работеле хакерите и дека тезите за влијание врз американските избори се смешни и неиздржани. Трамп исто така вели дека хакерите можеби се од Русија, Кина или пак од некој „дебелко“ кој седи на кауч во Њу Џерси во својот подрум и ги пробива мејловите. 

Токму протечените мејл пораки на Џон Подеста, шефот на кампањата на Хилари Клинтон, како и на изборниот комитет на Демократската партија кои беа хакирани ги објави Асанж со цел, како што тврдеше тој да докаже дека изборниот процес однапред бил прилагоден за Клинтон, со рушење на кампањата на Берни Сендерс и обезбедување на поддршка од естаблишментот. 

Сепак, тоа што ЦИА засега не го открива или барем не го посочува директно е зошто руските служби би се ангажирале за да му помогнат на Трамп, кои се нивните очекувања, дали тој е навистина компромитиран од агенти на Путин?


Слично

Поврзани вести