ЦИА ИМАЛА ТАЈНИ ЗАТВОРИ: Во кои земји биле лоцирани?
Романија и Литванија дозволиле на нивна територија да бидат сместени тајни затвори на ЦИА.
Вака пресуди Европскиот суд за човекови права. Во затворите било овозможено да бидат притворени и малтретирани Палестинец и државјанин на Саудиска Арабија.
Од судот е соопштено дека државјанинот на Саудиска Арабија Абд ал Рахим Ал Нашири, кој подоцна е испратен во затвор во заливот Гвантанамо, е притворен и злоставуван во Романија од септември 2003 година до октомври 2005 година, објави Политико.
Судот ја повика Романија да го истражи случајот и да ги казни одговорните, додека Букурешт негира дека на нејзината територија постојат такви установи на Централната разузнавачка агенција на САД.Според судот Литванија на својата територија обезбедила да се наоѓа затвор на ЦИА, каде што бил затворен палестинецот Абу Зубајдах, осомничен дека ги планирал нападите на 11 септември 2001 година од февруари 2005 до март 2006 година.
Адвокатот на Ал Нашири пресудата на судот ја оцени како „остар прекор на срамните обиди на Романија“ да прикрие дека на својата територија обезбедила постоење на таен затвор на ЦИА.
Слично
