Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦИА: Бројот на џихадисти бори над 20.000

ЦИА: Бројот на џихадисти бори над 20.000

Исламската држава има помеѓу 20.000 и 31.000 екстремистички борци во Ирак и Сирија, соопшти американската Централна разузнавачка служба (ЦИА), напоменувајќи дека порано биле околу 10.000.

„ЦИА врз основа на новите безбедносни извештаи од мај до август проценува дека Исламската држава (ИС) сега брои помеѓу 20.000 и 31.500 борачи ширум Ирак и Сирија“, соопштил портпаролот на разузнавачката служба Рајан Трапани, пренесува АП.

Овие нови бројки покажуваат дека до зголемувањето на ангажирани милитанти дошло во јуни и дека нивната зголемена мобилизација коинцидира со воените „успеси“ на џихадистите и прогласениот калифат. наведува портпаролот на ЦИА.

 
 
   
Слично

Поврзани вести