Чувањето стари лица, нов вносен бизнис во Кина
Измената на законот во Кина, на почетокот на јуни, кој предвидува дека заштитата на правата и интересите на старите луѓе се препишуваат на нивните деца, разви нов бизнис во земјата. Имајќи в предвид дека многу од младите ги напуштаат своите родители, посебно од малите градови, пазарот на труд веднаш реагираше.
На интернет сајтот ,,www.taobao.com’’ се изнајмуваат луѓе кои наместо да се грижат за деца, се грижат за стари луѓе. Услугата се наплаќа околу 16.5 долари на час, на што треба да се додадат и трошоците на превоз, а доколку е потребно и подароци. Во програмата на посета на старите луѓе може да се вклучи и роденденска забава и организација на друг тип на свеченост.
Слично
