ЧУДО: Пејач преживеа затоа што му истекол пасошот, а брачна двојка не дочека свадба
Пејачот во хорот Александар Романов Валутов на возраст од 29 години не замина на патување, затоа што пасошот му истекол и остана жив.
Прво беше соопштено дека е мртов во трагедијата во Сочи, а потоа е утврдено дека не ни полетал.
Тој бил на списокот на патници за летот кој заврши кобно, но на аеродром не го пуштиле да се качи во авионот затоа што пасошот му истекол во јули.
Валутов вели дека се налутил и си заминал дома.
Раскажува дека во 3.30 часот почнале да му се јавуваат луѓе, да прашуваат дали е жив и кога се вклучил на интернет си го видел името меѓу лицата кои се мртви во несреќата во авион во Црно Море.
Вели дека неговите блиски биле во шок.
Меѓу 92-те жртви се и Ралина Глимова(22) и нејзиниот вереник Михаил, но тие загинале. Тие не дочекаа свадба.

