ЧУДО ОД АПАНАЖА: Ван Ромпуј ќе „лапне“ речиси 600.000 фунти како екс-претседател на Европскиот совет
Поранешниот претседател на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј ќе добие речиси 600.000 британски фунти за да не работи ништо. Според британските медиуми, 67-годишниот Ван Ромпуј ќе ги добие овие пари како „преоден надоместок“ или апанажа за следните три години по завршувањето на функцијата.
Белгискиот политичар ќе добива по 133.723 фунти годишно, што се 55% од платата што ја добиваше до сега, а има право и на пензија во висина од 52.000 фунти.
Истовремено, Ромпуј има право и на еднократна исплата од 21.000 фунти по заминувањето од високата функција што ја извршуваше. За време додека ја прима апанажата Ван Ромпуј не мора да извршува никаква работа, а приходите му подлежат на намалено оданочување што важи за Европската унија, наместо на високите белгиски даноци на приход.
Него на функцијата од вчера го замени Доналд Туск, кој како нов претседател со Европскиот совет ќе добива повеќе од пет пати поголема плата од онаа што ја заработуваше до сега како полски премиер.
Кетрин Ештон, која беше висока претставничка за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ, исто така ќе добива апанажа од 133.723 фунти годишно, но таа нема право на европска пензија.
Слично
