ЧУДО: Една недела без опрема преживеал на планина
Александар Гуков, рускиот алпинист од Санкт Петербург кој скоро една недела бил „заглавен“ на планината Латок-1 во Пакистан, е спасен и однесен во болница во градот Скарду.
Тој моментално е во критична состојба. Во спасувачката акција учествувале два пакистански воени хеликоптери.
На планината бил заедно со Сергеј Глазунов, кој во меѓувреме паднал и починал. Гуков успеал да се искачи до површина на која можел да стои, на висина од 6200 метри, а таму останал без никаква опрема затоа што поголемиот дел од опремата била изгубена кога неговиот партнер паднал.Тимот најпрвин пробал да се искачи на врвот на оваа планина во 2017 година, но не успеал поради лошите временски услови.
Алпинистите во описот на својот проект, на платформата преку која собирале пари за експедицијата, навеле дека никој претходно не успеал да се искачи на врвот на оваа планина од нејзината северна страна.
Група американски алпинисти во 1978 година, се искачиле на висина од 7000 метри, но биле приморани да се симнат.
Слично
