ЧУДО: Дете од под лавина извадено живо
Дванаесетгодишно дете e пронајдено живо oткако 40 минути било затрупано под лавина.
Тоа е најдено со помош на кучето на спасувачите. Ова се случило во француските Алпи. Лавината го однела детето кое скијало заедно со родителите во планинското одмаралиште Ла План, во областа Савоја. Лавината паднала врз момчето откако тоа излегло надвор од обработената патека за скијање.
„Тоа е чудо, затоа што момчето не носело апарат за сигнализирање за жртви на лавини. Речиси нема шанси за преживување под снег повеќе од 15 минути. Детето имаше голема среќа што кучето го пронајде“, изјави претставник на спасувачите.
Момчето, со скршена нога е пренесено во болница во градот Гренобл.
Детето имало среќа, и успеа да преживее што не беше случај во неколку наврати претходно кога луѓе беа затрупани со снег.
Двајца скијачи загинаа во лавина на француските Алпи во февруари годинава.И во 2017 година најмалку четири скијачи загинаа во лавина.
