ЧУДНО И МОРНИЧАВО: Пронајден труп на 3-годишно девојче на 8 километри од остатоците на рускиот авион
Спасувачите кои работат на местото на несреќата на рускиот авион во Синај пронашле тело на тригодишното девојче на 8 километри од пронајдените останки на авионот, соопшти Агенцијата „Франс прес“, повикувајќи се на офицер од египетските вооружени сили.
Како што пренесоа спасувачите, територијата на претрес од страна на египетските и руски спасувачи е продолжена до 15 километри. Според некои информации, остатоците на авионот се најдени на 30 километри од падот на главниот дел, што е спротивно на првичните извештаи.
Се додава дека трупот на детето е пронајден толку далеку од остатоците на авионот што упатува на верзијата дека тој може да експлодирал уште во воздухот како резултат на експлозија, сметаат приврзаници на злобните теории на заговор. Првичните информации гласеа дека уривањето на „А321“ се случило поради удар во карпа. Но на слики од местото на трагедијата, кои синоќа беа објавени, се гледа претежно рамен терен.
Досега спасувачите ги пронашле остатоците на 175 од патниците и екипажот на авионот. Првите 163 трупа веќе се во мртовечница на Каиро.


