Економија, финансии, бизнис

Контакт

Човекот на Орбан не стана еврокомесар за проширување

Човекот на Орбан не стана еврокомесар за проширување

Одбиени се кандидатурите на Ласло Трочањи и Рована Плумб. 

Со 11 гласови “против” и 9 “за”, Европскиот Парламент попладнево го отфрли предлогот на Урсула Фон дер Лајен, унгарскиот конзервативец Ласло Трочањи да биде нов еврокомесар за проширување.

Мнозинството членови во Комисијата за правни прашања гласаше против кандидатурата на унгарскиот кандидат за комесар, Ласло Трочањи, поради конфликт на интереси. Поради слична причина комисијата ја одби и кандидатурата на Романката Рована Плумб откако и двајцата кандидати биле повикани на сослушување на кое требало да дадат појаснувања во врска со нивните финансии.

Одобрувањето на кандидатурите од страна на Комисијата за правни прашања, според европските правила е суштински предуслов за одржување на сослушувањата во Европскиот парламент и конечниот избор на новите кандидати. Ова е прв случај комисијата да одбие кандидатура на предложен комесар, но според Европската комисија тоа не значи автоматско номинирање на нови имиња.

Слично

Поврзани вести