Економија, финансии, бизнис

Контакт

Човекот кој пукаше во џамија убил и своја роднина?

Човекот кој пукаше во џамија убил и своја роднина?

Напаѓачот кој вчера пукаше во џамијата крај Осло најверојатно убил и своја роднина.

Тело на жена, роднина на лицето кое пукаше е пронајдено во домот близу местото на нападот, јавува во саботата велерта AFP, повикувајќи се на норвешката полиција.

Полицијата вели  дека станува збор за сомнителна смрт. 

„Починатата е роднина на човекот кој беше уапсен претходно“, ја цитира агенцијата изјавата на полицискиот портпарол Рине Скјолд дадена на прес-конференција. 

Во општината Берум, во близина на Осло, имаше пукање во џамија, при што едно лице е убиено, а напаѓачот уапсен. Во џамијата се пронајдени неколку парчиња оружје.

Слично

Поврзани вести