Економија, финансии, бизнис

Контакт

Човекот кој го удри Макрон поседувал оружје и читал книга од Хитлер

Човекот кој го удри Макрон поседувал оружје и читал книга од Хитлер

Француската полиција го претресла домот на  Демијан Тарел, човекот кој го удри претседателот Емануел Макрон. 

Тарел живеел со својата мајка, а во куќата пронашле оружје, советско знаме, примерок од книгата на Хитлер, „Мојата борба" и воени игри. Тарел, судејќи по фотографиите на неговиот профил на Инстаграм, бил вљубеник во средновековната историја, а често учествувал и во симулации на витешки борби, со воен оклоп на себе. Тарел следел левичарски и десничарски Јутјуб канали, како и емисии за историски битки. 

Обвинението за напад на јавен финкционер предвидува максимална казна затвор од три години и глоба од 45.000 евра.

Слично

Поврзани вести