Економија, финансии, бизнис

Контакт

Човекот кој го удри Макрон објасни зошто го сторил тоа

Човекот кој го удри Макрон објасни зошто го сторил тоа

Дамијен Тарел, човекот кој го удри францускиот претседател Емануел Макрон објасни зошто го сторил тоа. 

Рече дека тоа го сторил непланирано и од гнев поради пропаѓањето на Франција.

„Кога го видов неговиот пријателски лажен поглед, почувствував гадење и имав бурна реакција. Тоа беше импулсивна реакција и се изненадив и од сам себеси“, истакна Тарел.

Тој на сослушувањето призна дека пред два дена му удрил шлаканица на Макрон. Осуден е на четири месеци затвор. 

Нему му е забрането некогаш да има јавни функции во Франција и да поседува оружје пет години. 

Тарел живеел со својата мајка, а во куќата пронашле оружје, советско знаме, примерок од книгата на Хитлер, „Мојата борба" и воени игри. Тарел, судејќи по фотографиите на неговиот профил на Инстаграм, бил вљубеник во средновековната историја, а често учествувал и во симулации на витешки борби, со воен оклоп на себе. Тарел следел левичарски и десничарски Јутјуб канали, како и емисии за историски битки. 

Слично

Поврзани вести