Економија, финансии, бизнис

Контакт

Човек во Британија почина од треската Ласа

Човек во Британија почина од треската Ласа

Регистрирана е првата жртва на треската Ласа во Британија. 

Станува збор за човек од Бедфордшир.  Тој е третиот Британец, кој бил инфициран со вирусот од семејство кое неодамна се вратило од Западна Африка.  Оваа болест е класифицирана како потенцијална пандемија и е на листата на приоритети на Светската здравствена организација, покрај еболата и денгата. Ласа треската е ендемична во Нигерија и во неколку други држави на западниот брег на Африка, вклучувајќи ги Либерија и Гвинеја.

Како што соопшти  Светската здравствена организација (СЗО), околу 80 отсто од заразените со вирусот немаат никакви симптоми. Тешко е да се дијагностицираат во рана фаза на болеста.  Кај оние кои покажуваат симптоми, четвртина од нив може привремено да го изгубат слухот. Симптомите се крварење од устата и носот, главоболка, болки во грлото и повраќање.

Слично

Поврзани вести