Човек од Тонга се спаси од цунамито откако 28 часа пливал во море
Човек од Тонга успеа да го преживее цунамито и има необична приказна за тоа како се спасил. Maж на возраст од 57 години, 28 часа пливал до брегот откако цунамито го однело на отворено море. Лисала Фолау од малиот изолиран остров Атата, на кој живеат само 60 луѓе, брановите во саботата го однеле на отворено море.
Фолау раскажа дека дома цртал кога пристигнало предупредувањето за цунами, а брзо пристигнале и брановите. Прво се качил на дрво за да се спаси од водата, но таа сепак го однела.
Кога брановите престанале, полека почнал да плива и минал 7,5 километри додека не пристигнал до главниот остров Тонгатапу. Жителите на Тонга веќе го нарекле Аквамен
Слично
