Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЧОВЕК КОЈ НА МНОГУМИНА ИМ ЈА РАЗУБАВИ ГОДИНАТА: Цел живот штедел, па пред смртта подарил 11 милиони долари

ЧОВЕК КОЈ НА МНОГУМИНА ИМ ЈА РАЗУБАВИ ГОДИНАТА: Цел живот штедел, па пред смртта подарил 11 милиони долари

Никој кој го познавал Алан Најман не можел да претпостави дека во текот на животот собрал незамисливо богатство.

Скромниот социјален работник од Сиетл својата облека ја купувал во евтини продавници, од весниците исекол купони за попусти, а за годишен одмор внимавал на секој цент. Кога минатата година поделил скоро 11 милиони долари во локални хуманитарни организации никој не можел да верува дека имал толку пари. Сепак, неговите пријатели не се изненадиле толку од великодушноста која ја покажал.

Кога на Најман му соопштиле дека има рак, рекол дека после смртта ќе донира се што има во добротворни цели. Починал во почетокот на 2018 во 63-тата година од животот.

-Мислам дека сите биле шокирани, мислам навистина шокирани што имал толку пари кои одлучил да ги подели-вели неговата пријателка Мери Монахан. Најман тогаш рекол и дека луѓето ќе бидат изненадени од сумата на пари која ќе ја донира.


Најман пред 30 години напуштил богата банкарска кариера за да работи со деца. Монахан верува дека неговите искуства во работата со деца во социјални служби, од кои многумина имале потешкотии, го поттикнале да ги стави другите на прво место.

-Децата кои беа во системот на социјална заштита влегоа во срцето на Алан-вели Мери.

Најман дел од богатството го наследил од своите родители, но најголем дел од заработката ја вложувал и ја зголемувал количината на заработени пари. Работел две или три работи и никогаш не сакал да биде во долгови.

Парите отишле во шест хуманитарни организации. Џеси Колман, работничка во една од нив, прв пат разговарала со Најман неколку месеци пред да почине. Тој тогаш донирал 5 000 долари на таа организација, која им помага на средношколци кои живеат кај хранител.

Кога дознале дека Најман им донирал 9000 долари мислеле дека е некоја грешка во прашање. Кога парите се префрлени на сметка, Колман вели дека вработените и волонтерите дознале каков бил и како живеел многу скромно за да им го дава своето богатство на другите.

-Нашата организација со овие пари прими и огромна доза љубов. Не сакаме да се фокусираме само на парите туку и на тоа што претставува овој чин-заклучила Колман.

Слично

Поврзани вести