Човек кој беше десна рака на Путин си поднесе оставка
Уште еден соработник на рускиот претседател Владимир Путин си поднесе оставка.
Алексеј Кудрин денеска поднесе оставка. Беше директор на рускиот Одбор за ревизија, а претходно беше министер за финансии, како и заменик премиер. Кудрин во текот на целата кариера беше близок сојузник на Путин. Тој е највисоко рангиран функционер, кој поднел оставка по почетокот на руската инвазија на Украина.
Соработникот на Путин објасни дека сака да се фокусира на „големи проекти“, но додаде дека уште не одлучил со што ќе се занимава. Можно е Кудрин по заминувањето од власт да се вработил во рускиот технолошки гигант Јандекс.
Во март годинава оставка поднесе и пратеникот на Путин за контакти со меѓународните организации, Анатолиј Чубајс. Од Кремљ не сакаа да коментираат дали заминал од државата. Се појавија информации дека отишол во Турција.
Слично
