Човек буквално умре од работа, а во неговата земја го сметаат за пример што треба да се следи!
Кинескиот банкарски експерт Ли Џијанхуа работеше за кинеската Влада во Секторот за сигурност и банкарска регулатива. Тој сам управуваше со бизнис од три милијарди долари. Често останувал буден по цела ноќ за да ги доврши работните задачи со кои бил затрупан.
Освен ова, бил и угледен член на Комунистичката партија на Кина.
Но, кога вечерта на 22 април седнал на работната маса, го напишал последниот извештај во својот живот. Следното утро, овој 48-годишник само се струполил и умрел од прекумерна работа.
Но, кинеската Влада токму овој човек, кого работата толку го исцрпи што срцето престана да му чука, на своите граѓани и на членовите на партијата им го претставува како пример што треба да се следи.
„Сите можат да учат од примерот на другарот Ли Џијанхуа, кој секогаш имаше цврсти идеали и верувања кои покажаа дека беше работник посветен на целта на Партијата и народот и кој се бореше за да даде се од себе и се жртвуваше за да го зголеми квалитетот на нашиот труд“, стои во соопштението од државната агенција за која работел.
Слично
