Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЧНБ ќе ја ослабнува националната валута

ЧНБ ќе ја ослабнува националната валута

Со цел да ги олабави монетарните услови Чешката народна банка  ќе интервенира за ослабување на националната валута, круната.

При девизната интервенција, која Централната банка ја прави првпат по 11 години, целта е да се задржи курс од 27 круни за едно евро,соопшти ЧНБ.

- Способни сме да интервенираме неограничено против круната, толку долго колку што е потребно да ја достигнеме потребната вредност на курсот на круната, а со тоа и да ја исполниме целта за двопроцентна инфлација, изјави гувернерот на ЧНБ, Мирослав Сингер.

Чешките бизнисмени ја поздравија ваквата одлука поради нејзиното позитивно влијание на чешкиот извоз и националната економија.

Сепак според аналитичарите тоа ќе влијае на зголемување на цената на горивото, увезените производи, патувањата во странство преку туристичките агенции, електронските производи и останатите производи за три до четири проценти.

Интервенцијата на ЧНБ ја критикуваше и поранешниот претседател, економистот Вацлав Клаус, оценувајќи ја како погрешен и ризичен чекор.

- Централната банка е жртва на модата и на сосема погрешната доктрина на таргетирање на инфлацијата, рече Клаус, кој додека беше на чело на државата ги именуваше сегашните членови на Управен одбор на ЧНБ.

Клаус, смета дека не е потребна девизна интервенција, туку систематска измена во економијата, разумна фискална политика и враќање кон нормалната парламентарна политика

Слично

Поврзани вести