Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЧЛЕНОВИ НА ХАМАС БАРААТ ПРЕКИН НА ОГНОТ: Им требало време да ги најдат заложниците во Појасот Газа

ЧЛЕНОВИ НА ХАМАС БАРААТ ПРЕКИН НА ОГНОТ: Им требало време да ги најдат заложниците во Појасот Газа

На палестинската терористичка организација Хамас ѝ треба време за да ги најде заложниците скриени во Појасот Газа. 

Член на палестинската делегација на Хамас која е во посета на Русија денеска изјави дека на организацијата ѝ треба време да открие каде се наоѓаат сите заложници киднапирани на 7 октомври во нападот врз Израел. Абу Хамид, денеска за рускиот дневен весник „Комерсант“ изјави дека организацијата секогаш била подготвена да ослободува цивили, но „потребно е време да ги пронајде“. Вели дека различни организации држат заложници и дека е потребен прекин на огнот за да му се овозможи на Хамас да ги пронајде и ослободи.

Во ослободувањето на заложниците, посредуваат Катар и Египет. Досега се ослободени четири жени, две Американки и две Израелки. Се смета дека се киднапирани над 220 луѓе. 

Катарскиот амбасадор во САД, Мешал бин Хамад ал Тани разговарал со израелецот Авихаи Бродец, чии три деца се приведени во Газа, јавуваат израелските медиуми.

Бродец, кој протестираше пред Министерството за одбрана на Израел во Тел Авив, му се заблагодари на катарскиот амбасадор за неговите напори за ослободување на заложниците. Тој побара од Ал-Тани да ги продолжи преговорите за да го ослободи неговото семејство и околу триесет други деца киднапирани од екстремистите.

Но, имаше и тврдеа од Хамас дека дел од заложниците загинале во израелските напади на Појасот Газа. Во декларацијата усвоена на самитот во Брисел, лидерите на Европската Унија повикаа на „паузи“ во непријателствата меѓу Израел и Хамас и на отворање хуманитарни коридори за да може итно потребната помош да биде доставена до Појасот Газа. Денеска во Франфурт на симболичен начин беше прикажано недостигањето на заложниците. Тие поставија празни столчиња. 

Слично

Поврзани вести