Членките на ЕУ ги повикуваат руските амбасадори на разговор за анексијата
Членките на Европската унија почнаа да ги повикуваат на кординиран разговор руските амбасадори во нивните престолнини по анексијата на Русија на четирите украински области.
Ова го потврди денеска за ДПА официјален претставник на ЕУ. Германија го повикала рускиот амбасадор во Берлин, потврди германското Министерство за надворешни работи за ДПА.
Во министерствата за надворешни работи за понеделник се повикани руските амбасадори во Италија, Австрија и Данска. Во петокот веќе беше повикан рускиот амбасадор во Белгија.
Координацијата се одвива преку Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), инаку дипломатската служба на ЕУ.
Слично
