ЧЛЕНКИТЕ ГО ПОДДРЖАА: На повидок ново европско обвинителство
На денешната седница на Советот за правда 20 држави членки постигнаа политички договор за создавањето на новoто Европска обвинителство преку зајакната соработка.
За ова соопшти Европската комисија (ЕК) во соопштение до медиумите.
Неопходно е Европскиот парламент да ја даде својата согласност. Откако новиот орган ќе биде воведен, независните европски обвинители ќе имаат овластувања да вршат истраги и да подигнуваат и да одржуваат обвиненија за злосторства кои влијаат на буџетот на Унијата, како корупција или измама со средства на ЕУ или прекугранични измами со ДДВ.
Европското обвинителство ќе биде солиден, независен и ефикасен орган, специјализиран во борбата против финансискиот криминал во целата ЕУ.
Гинтер Јотингер, комесар за буџетот и човечките ресурси, рекол: „Измамите кои влијаат врз буџетот на ЕУ, не се толерираат. Секој цент од овој буџет треба да биде потрошен во корист на европските граѓани. Создавајќи една солидна, независна и ефикасна Европска институција-обвинителство, ние ги зајакнуваме напорите да ги заштитиме парите на даночните обврзници, обезбедуваме европски пристап кон истрагата и гонењето на кривичните дела кои се однесуваат на буџетот на Унијата. Ова ќе биде сериозен прилог на веќе постоечките средства на ниво на Унијата, имено Европската канцеларија за борба против измами, која работи во областа на административните истраги.
Европското обвинителство ќе ја дополнува важната работа која ја врши Еуројуст - агенцијата на ЕУ, која работи во областа на кривичната правда - и ќе овозможи агенцијата да посвети повеќе ресурси на борбата против тероризмот, трговијата со луѓе или други злосторства.
Во февруари земјите од ЕУ неуспеаја да се договорат за формирање на заедничко Европско обвинителство.
