ЧЛЕН НА УКРАИНСКАТА ДЕЛЕГАЦИЈА: Трамповиот план за мир во Украина повеќе не постои
Трамповиот план за мир во Украина повеќе не постои, вели советникот на шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Олександр Бевз.
Тој ова го кажа по објавите во медиумите дека првичните 28 точки од планот биле сведени на 19 по разговорите во Швајцарија.
Бевз, кој бил дел од украинскиот тим во преговорите во Женева, објави на Фејсбук дека разговорите со американската делегација биле „многу конструктивни“. Според него, државниот секретар Марко Рубио го оценил состанокот како „најпродуктивен“ меѓу Украина и администрацијата на Трамп.
„Украина ја разгледа секоја точка од предложениот план со САД и документот, во обликот во кој го гледаше јавноста, веќе не постои. Некои точки се избришани, други се ревидирани. Ниту едно украинско барање не остана нерешено“, додаде Бевз.
Сепак, вели дека конечните одлуки за најчувствителните прашања ќе ги донесат претседателите Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп.foto Linkedin
