ЧЛЕН НА ХАМАС СЕ ЗАКАНУВА СО НОВИ НАПАДИ: Тврди дека нема логика Израел да постои и ќе го уништат
Палестинската терористичка група Хамас се заканува дека ќе изврши нови напади како тие на 7-ми октомври, за да го уништи Израел.
Претставникот на Хамас, Гази Хамад најави дека групата ќе продолжи да го напаѓа Израел. Кажа дека она што Хамас го направи било оправдано и дека окупацијата на Израел мора да заврши. Претставникот на Хамас рече дека нема логика Израел да постои.
„Израел е земја на која не ѝ е местото на нашата (палестинска) земја. Таа нација мора да замине бидејќи претставува воена и политичка закана за безбедноста на арапските и исламските земји и мора да биде уништена. Не се срамиме да го кажеме тоа одлучно. Мора да го натераме Израел да плати за своите постапки и тоа ќе го правиме постојано. Ќе има втор, трет и четврти (напад) затоа што имаме волја, решителност и способност да се бориме. Ќе има ли жртви? Навистина, и ние сме подготвени да платиме за нив. Горди сме што жртвуваме маченици затоа што сме познати како народ на маченици. Не сакавме да им наштетиме на цивилите, но имаше компликации на теренот, и имаше забава во таа област со (цивилното) население“, рече тој.
Интервјуто е снимено на 26 минатиот месец. Портпаролот на ИДФ, Џонатан Конрикус вели дека населението во Газа плаќа за злосторствата на Хамас. Израел вети дека ќе ја уништи терористичката група Хамас.
